На небото над Крим е фатенo разузнавачко американско беспилотно летало, се пренесува на интернет-страницата на државната корпорација „Ростех“.
„Комплексот за радиоелектронска борба 'Автобаза' го забележа и го слета леталото. Беспилотното летало се наоѓало на висина од 4.000 метри, каде што практично бил незабележлив од земјата. Со помош на комплексот 'Автобаза', се прекинала врска на леталото со американските оператори. Како резултат на тоа, леталото слетало и паднало во рацете на локалните власти. Беспилотното летало MQ-5B, според обележувањата на него, влегува во 66-та американска бригада на военото разузнавање кое се наоѓа во Баварија“, се кажува во соопштението.
Се забележува дека ова е втор случај на фатено американско беспилотно летало над Крим.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче