Прв масовен десант на руската војска на Арктикот

Русија за прв пат во постсоветската историја изведе масовен десант на војска и воена техника на Арктикот. Како што пренесува РИА „Новости“, на теренот за приземјување „Темп“ на Новосибирските острови десантиран е баталјон од 350 падобранци.

Се истакнува дека воената техника е исфрлена на падобрански платформи 15 минути пред скокот на главната група падобранци, а самите падобранци ги искористија падобранските системи за специјални намени „Арбалет“.

Според зборовите на официјалниот претставник на Десантните падобрански трупи, Евгениј Мешков, падобранците после приземјувањето за 40 минути „зазеле“ аеродром. „Им се спротивстави условен противник со мобилни групи на моторни санки и параглајдери“.

Час време покасно падобранците беа подготвени да ги примат на аеродромот воено-транспортните авиони со тешка техника, вооружување и поголемиот дел од десантните единици.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња