Кремљ потврди дека е извршен хакерски напад на официјалната интернет-страница на претседателот на Руската Федерација.
„Вистина е дека се случи сериозен DDoS напад, и тоа не само на интернет-страницата на Кремљ, туку и на други портали“, потврдено е на прес-службата и кажано е дека ова е најсилниот обид досега за дестабилизирање на оваа интернет-страница.
„Се преземаат сите мерки за да проработи оваа интернет-страница во целост. Засега повеќето корисници можат да ја отворат интернет-страницата“, изјавија во Кремљ.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче