Шефот на кримскиот парламент, Владимир Константинов, изјави дека жителите на Крим бесплатно ќе добијат руски пасоши доколку референдумот покаже дека народот на Крим сака да се приклучи кон Русија, пренесува РИА „Новости“.
„Процедурата за издавање пасоши ќе биде бесплатна, буџетот на Крим ќе ги преземе врз себе сите трошоци. Украина и Русија имаат меѓународни договори за многу прашања, и верувам дека нема да има никакви проблеми“, изјави Константинов.
„Ние нема да ги приморуваме граѓаните на Крим да се откажат од украинските пасоши. Во секој случај, сите ќе треба да добијат руски пасош“, подвлече премиерот на Крим, Сергеј Аксјонов.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче