Властите на Крим: Приклучувањето кон Русија ќе трае две недели

Властите на Крим не сметаат дека е добро автономната република да стане дел од некој постоен округ на Русија, а самиот процес на приклучување кон Русија, доколку тоа биде изгласано на референдум, ќе трае најмалку две недели, јавува vz.ru, повикувајќи се на изјавата на Владимир Константинов, претседател на парламентот на Крим.

„Ако не влеземе во составот на некој федерален округ, а сметаме дека не би било исправно Крим да стане дел од тој округ, ќе ни треба и функција претседател за да може управувањето со републиката да се поврзе директно со федералниот центар“, смета претседателот на парламентот на автономната република.

Константинов прецизираше дека процедурата за влегување на Крим во составот на Русија ќе трае најмногу две недели од денот на одржување на референдумот, 16 март.

Тој, исто така, соопшти дека следната недела Крим може да донесе одлука за преминување кон московската временска зона. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња