Експлоатацијата на нафтата и гасот на Крим треба да се изврши од руски компании, меѓу нив и „Гаспром“, изјави Владимир Константинов, претседател на Врховниот совет на републиката.
Притоа, Константинов изјави дека властите на автономната република веќе обезбедиле наоѓалишта на нафта и гас во Црното море, меѓу другото и Одеското и Безименото наоѓалиште, кои се во фаза на подготовка за експлоатација. Обезбедени се и гасни и нафтени платформи од украинската државна енергетска компанија „Чорноморнафтогаз“.
„Тие наоѓалишта и платформи во целост ќе преминат во сопствеништво на Републиката Крим“, изјави тој.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.