Вицепремиерот на Русија, Дмитриј Рогозин, реши да ги собере шефовите на најголемите индустриски корпорации во Русија. Ова тој го објави на својот Твитер, а пренесува „Газета.ру“.
„За надминување на можните санкции на Западот и создавање на мерки како одговор на тие санкции, ќе ги соберам денес раководителите на водечките индустриски корпорации“, се кажува во соопштението.
Претходно Рогозин изјави дека е неопходно да се изврши ново вооружување на руската армија поради заканите од САД и НАТО.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче