Научниците ѝ претскажаа на Европа крах без гасот од Русија

Британските математичари од Лондонскиот универзитет на кралицата Марија, ја изучува независноста на европските држави од испораките на руски природен гас. Резултатите, добиени од научниците во текот на истражувањето, се објавени во весникот PLOS ONE, пренесува „Газета.ру“.

Во својата работа научниците ги разгледале само тековните гасоводи и не го опфатиле прашањето како гасот доаѓа до обичните потрошувачи. Истражувачите зеле предвид две кризни ситуации: првата - Русија целосно да го прекине извозот на гас во Европа, а втората - да се оневозможи транзитот на рускиот гас преку територијата на Украина.

Во текот на истражувањето британските математичари установиле дека без руски гас најлошо би поминале државите од Источна Европа, Австрија би останала целосно без гас.

Заклучокот на научниците е дека минимизирањето на загубите и штетите од таквото сценарио може да се изврши само со изградба на нови гасоводи кои би ги поврзале држави, а гасот би доаѓал од Холандија и Норвешка. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.