Земјите од Г-7 бараат од Русија прекин на сите обиди за анектирање на Крим, пренесува Франс Прес.
Ова го изјави претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо.
Претходно седумте држави на „големата осумка“ заеднички ја осудија позицијата на Русија околу Украина, и објавија дека го прекинуваат учеството во подготовките за самитот во Сочи.
Освен тоа, руските власти претходно многукратно изјавуваа дека дозволата на Советот на Федерацијата за праќање на руската војска во Крим не значи дека тоа ќе биде остварено, а исто така, подвлекоа дека никакви дополнителни воени единици на територијата на Украина не се пратени.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче