Белорусија планира во рамките на билатералните договори на Русија да ѝ предложи јакнење на заедничките сили, особено на авијацијата, поради активностите на НАТО недалеку од белоруската граница, изјави претседателот Александар Лукашенко.
„Мислам дека треба да се слушнеме со началникот на Генералштабот на Русија и да им предложиме зајакнување на позициите. Во овој момент, најмногу 12 до 15 авиони можат да бидат префрлени на територијата на Белорусија, може да се утврди патролна маршрута, а исто и алтернативна рута. Нека работат, патролираат“, изјави Лукашенко во средата во Минск за време на седницата на Советот за безбедност на Белорусија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче