Рускиот „Јасен“ ги надмина американските подморници посред бројот на ракети

Нуклеарните подморници од проектот 877 „Јасен“ имаат далеку повеќе крстосувачки ракети од американските подморници од иста класа „Вирџинија“ и „Лос Анџелес“, пренесува ИТАР-ТАСС, повикувајќи се на Владимир Дорофеев, генерален директор на поморското биро во Санкт Петербург „Малахит“.

Дорофеев изјави дека главната повеќенаменска подморница „Северодвинск“ од проектот 885 „Јасен“, како и другите подморници од овој проект, имаат две функции, а тоа е борба против бродовите и подморниците и уништување на целите на копното. Тие задачи се решаваат со помош на крстосувачки ракети.

Само една нуклеарна подморница ќе биде изградена според проектот 877, додека другите ќе припаднат на модернизираниот проект. Во изградба се „Казан“ и „Новосибирск“. Годинава започна изградба и на третата сериска подморница, а уште една ќе започне да се гради во текот на оваа година, соопшти Владимир Дорофеев. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња