Во рамките на воените вежби на Воздушно-десантните војски на Русија, десантни маневри ќе изведат околу 3.500 падобранци. Вежбите ќе траат до 14 март, пренесува „Гласот на Русија“.
Вежбите ја покажуваат ефикасноста на масовниот падобрански десант во различни предели и услови.
Претставник на Министерството за одбрана на Русија изјави дека во маневрите се вклучени извидувачки, падобрански, инженерски, ракетни, артилериски и други единици на Воздушно-десантните војски. Вкупно учествуваат повеќе од 4.000 војници и 36 авиони, како и друга воена техника.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче