Парламентот на Крим усвои декларација за независност

Парламентот на Крим и градската влада на Севастопол во вторникот на 11 март усвоија декларација за независноста на Крим и Севастопол, јавува ИТАР-ТАСС.

Парламентот на Крим и градската влада на Севастопол во вторникот на 11 март усвоија декларација за независноста на Крим и Севастопол, јавува ИТАР-ТАСС.

Според декларацијата, доколку на референдумот на 16 март биде донесена одлука за присоединување на Крим кон Русија, Крим „ќе биде прогласен за независна и суверена држава со републикански строј“, се истакнува во соопштението.

Во случај на ваков резултат на референдумот, Крим како независна и суверена држава ќе се обрати до Москва со предлог врз основа на меѓународен договор да ја прими републиката Крим во составот на Русија како нов субјект на федерацијата, се наведува во декларацијата. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња