Јанукович ги обвини новите власти во Киев за обид за предизвикување граѓанска војна

Претседателот на Украина, Виктор Јанукович, изјави дека тој и понатаму е легитимен претседател на земјата и Врховен командант, пренесува ИТАР-ТАСС.

Претседателот на Украина, Виктор Јанукович, изјави дека тој и понатаму е легитимен претседател на земјата и Врховен командант, пренесува ИТАР-ТАСС.

„Јас не ги пренесов своите овластувања, жив сум, не сум сменет од функцијата на начин кој е предвиден со Уставот на Украина“, изјави Јанукович за време на средбата со новинарите во Ростов на Дон во Русија.

Тој, исто така, ги обвини новите власти во Киев за обид за предизвикување граѓанска војна.

Тој нагласи дека изборите на 25 мај ќе ги организира „клика која со помош на преврат ја презела власта“ на незаконски начин, надвор од предвидените норми на Уставот на Украина.

Претседателот на Украина, исто така, изјави дека ќе се обрати до Сенатот, Конгресот и Врховниот суд на САД со молба да се разгледа легитимноста на постапката на администрацијата на Обама во однос на Украина.

Тој изјави дека ќе се врати во Киев веднаш штом за тоа се појават услови. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.