Севастопол го прогласи рускиот за официјален јазик во администрацијата

Вршителот на должноста шеф на Севастополксата градска државна управа, Дмитриј Белик, изјави дека Севастопол го прогласил рускиот јазик за официјален јазик во државните документи, пренесува ИТАР-ТАСС.

Вршителот на должноста шеф на Севастополксата градска државна управа, Дмитриј Белик, изјави дека Севастопол го прогласил рускиот јазик за официјален јазик во државните документи, пренесува ИТАР-ТАСС.

„Земајќи го предвид тоа дека рускиот е мајчин јазик на најголемиот дел од граѓаните во градот, градската управа во склад со нормите на меѓународното право донесе одлука рускиот јазик да се користи како официјален јазик во државните документи“, се наведува во одлуката која ја потпиша Белик. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.