Властите на ЕУ започнаа да работат над можните санкции против Русија. Ова го пренесува Ројтерс, повикувајќи се на Маја Косјанчиќ, портпарол на врховниот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност, Кетрин Ештон.
„Јас не можам да го потврдам точниот распоред, но можам да потврдам дека започнаа подготовките“, изјави Косјанчиќ за време на средбата со новинарите во Брисел.
Претходно претседателот на Европскиот совет, Херман ван Ромпуј, изјави дека ЕУ ги прекина преговорите со руската страна за либерализирање на визниот режим и е подготвена да ги замрзне активите, како и да го откаже самитот Русија - ЕУ поради ситуацијата во Украина.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче