Русија треба да ги заштити своите граѓани и сонародници, како и своите економски и воени интереси на територијата на Украина, осигурани со договори, изјави Џорџ Галовеј, член на британскиот парламент.
Интересите на Русија се загрозени и „претседателот Путин не можеле да постапи поинаку“, истакна Галовеј во интервју за RT.
Според мислењето на овој парламентарец, ЕУ треба да се дистанцира од „неумесните и неразумните позиции на раководството на САД“.
„ЕУ е тесно поврзана со Русија и зависи од трговските односи и испораки на енергенси“, потсети Галовеј. „ЕУ не треба да ја иритира мечката, не само затоа што немам никаква причина за тоа, туку и поради тоа што тоа никако не одговара на нашите национални интереси“.
„Американската власт во текот на последните 10-15 години во многу земји испрати огромен број свои трупи и ги окупираше“, потсети Галовеј. „Таа е крива за смртта на милини луѓе во тие земји“.
Поради тоа САД немаат никакво право да „прекоруваат друга држава за мерките кои ги презема во врска со ситуацијата на територијата на својот сосед“, заклучи тој.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче