Компанијата која ги промовира натпреварувањата за Гран-при во Русија во рамките на светот на „Формула 1“ ја разгледува можноста автомобилската писта која се гради во Сочи да го носи името на Јуриј Гагарин, пренесува агенцијата ИТАР-ТАСС.
Идејата објектот да го добие името на првиот космонаут веќе ја поддржаа неговите потомци и илјадници љубители на автомобилските трки.
Гран-при на Русија ќе се одржи во Сочи од 10 до 12 октомври годинава.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.