Крим започна да добива финансиска помош од руските региони

Руските региони веќе започнаа со давање на финансиска помош на Автономната Република Крим, пренесува РИА Новости.

Руските региони веќе започнаа со давање на финансиска помош на Автономната Република Крим, пренесува РИА Новости.

Изјавата ја даде во недела спикерот на Врховниот совет на Крим, Владимир Константинов.

„Сега ние добиваме помош од сите региони на Руската Федерација. Тие средства веќе дојдоа до нас, и затоа ние успеваме да ги покриеме сите финансиски трошоци и ги решаваме финансиските проблеми“, забележа тој за време на конференцијата за печатот во Симферопол.

Освен тоа, спикерот соопшти дека буџетот на Крим има доволно средства за одржување на референдумот на 16 март. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња