Кери му постави на Лавров дипломатски ултиматум

Во телефонски разговор со шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, државниот секретар на САД, Џон Кери, го предупреди својот колега дека дипломатските патишта за решавање на кризата во Украина може да бидат исцрпени доколку Русија продолжи со проширување на своето воено присуство на Крим или во други украински региони, јавува РИА Новости.

Според зборовите на Кери, понатамошните чекори на Русија во правецот на „присоединување“ на Крим нема да остават многу простор за дипломатија. Државниот секретар, исто така, ја повика Москва за „максимална воздржаност“.

Според соопштението за разговорот меѓу Кери и Лавров, објавено на интернет-страницата на МНР на Русија, шефовите на дипломатијата на двете земји се договориле „за продолжување на интензивните контакти и регулирање на украинската криза“. Министерството за надворешни работи на Русија не наведува други детали од овој разговор. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.