Во саботата се одржа средба меѓу заменикот министер за надворешни работи на Русија, Григориј Карасин, со украинскиот амбасадор во Русија, Владимир Ељченко, се пренесува на интернет-страницата на руското МНР.
„Во текот на средбата во отворена атмосфера беше разговарано за руско-украинските односи“, се забележува во соопштението.
Претходно стана јасно дека МНР на Русија очекува реакција од Украина и Западот после заканите упатени од националистите кон жителите на Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.