Лавров: Москва е подготвена за дијалог за Украина

Москва е подготвена за рамноправен дијалог со странските партнери за Украина, со цел да ѝ се помогне на земјата да излезе од кризата, изјави вчера шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров после преговорите со таџикистанскиот колега.

Лавров изјави дека дијалогот треба да биде чесен и без обиди Русија да се претстави како една од страните во конфликтот. „Ние не ја создадовме кризата, ниту сме една од страните во конфликтот“, истакна тој.

Шефот на руската дипломатија напомна дека украинската влада зависи од радикалните националисти кои ја освоија власта. Тој додаде дека Западот прилично добро знае кои се украинските радикали, но поради политички принципи се труди тие факти „да не ги гледа“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња