Во Украина започнаа акции за бојкот на руските производи, јавува „Газета.ру“.
На украинските потрошувачи им се предлага „да ја победат Русија во супермаркетите“, купувајќи намирници, вотка, козметика и бензин кои се од домашно производство.
Акцијата е насочена главно против производите кои доаѓаат од Русија. Руските произведувачи тврдат дека во оваа акција главниот аргумент е политиката, а не реалниот квалитет и конкурентност на руските производи.
Мотото на акцијата гласи: „Не купувај роба од земјата-агресор! Наместо тоа, купувај наши, украински производи. Нека нашите пари бидат насочени кон заживување на нашата економија, наместо да заминуваат кај Путин!“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче