Спикерот на Советот на Федерацијата, Валентина Матвиенко, изјави дека советот планира да ги поддржи жителите на Крим, доколку на референдумот биде решено за влегување на републиката во составот на Русија. Ова го соопштува „Интерфакс“.
„Советот на Федерацијата ќе го поддржи решението на Крим од референдумот, и тоа решение ќе биде легитимно“, изјави спикерот.
Освен тоа, Матвиенко подвлече дека решението од референдумот одговара на постоечката меѓународно-правна пракса.
„Доволно е да погледнеме како ќе се одвива референдумот во Шкотска. И парламентот на Крим ја избра истата демократска форма“, подвлече Матвиенко.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче