Русија ќе го поддржи „слободниот и демократски избор на жителите на Крим и Севастопол“, изјави претседателот на долниот дом на рускиот парламент, Сергеј Наришкин во Москва за време на состанокот со делегацијата на Врховниот совет на Крим, предводен од Владимир Константинов.
„Свесни сме дека одлуката на Врховниот совет на Крим за влегување на автономната република во составот на Руската Федерација е донесена во услови на силна политичка криза во Украина, и поради желбата да се почитуваат правата и слободите на граѓаните“ изјави Наришкин, и додаде дека за време на донесувањето на одлуката, Врховниот совет на Крим се раководел од „историските и духовните врски меѓу Крим и Русија“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче