Властите на Јапонија немаат намера да воведуваат било какви санкции против Русија поради ситуацијата во Украина, изјави министерот за надворешни работи на таа земја, Фумио Кишида.
„Јапонија нема да воведува санкции (против Русија), туку ќе донесе одлука врз основа на понатамошниот развој на ситуацијата, следејќи ги реакциите на другите земји“, ги пренесува РИА „Новости“ зборовите на јапонскиот министер.
Тој, исто така, изјави дека Јапонија ќе го разгледа прашањето за давање финансиска помош на Украина во координација во Меѓународниот монетарен фонд.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче