Русија ќе продолжи да дава социјално-економска помош на Приднестровје и покрај новата ситуација во Украина.
Ова го изјави заменикот претседател на руската Влада, Дмитриј Рогозин на својот Твитер, а пренесува „Газета.ру“.
„Го потврдуваме курсот на Русија за продолжување на социјално-економската и хуманитарна помош на Приднестровје, како и неприкосновеноста на досегашната миротворна операција и воено присуство на Русија таму“, се забележува во пораката.
„Во услови на политичка и економска криза во Украина, било кои дејства за спречување на слободата за комуникација на Приднестровје со надворешниот свет се опасност за уставните слободи на 200.000 граѓани на Русија кои постојано живеат во Приднестровје“, додаде Рогозин.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче