Шефот на МНР на Русија, Сергеј Лавров, изјави дека активностите на Западот во Украина спречуваат соработка и излегување од моменталната ситуација, пренесува ИТАР-ТАСС.
Сергеј Лавров и државниот секретар на САД, Џон Кери, истовремено се уверени дека на Украинците им треба помош во реализирањето на договорот постигнат на 21 февруари.
„Се согласуваме дека на Украинците им треба помош за да се реализира договорот од 21 февруари“, изјави шефот на руското МНР.
„Џон Кери призна дека во атмосфера на ултиматуми тешко се водат конструктивни преговори“, додаде тој.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче