Крим е подготвен да ја прифати руската рубља како национална валута во рамките на планот за приклучување во составот на Руската Федерација, пренесува „Интерфакс“, повикувајќи се на првиот вице-премиер на Крим, Рустам Темиргалиев.
Настапувајќи на конференцијата за печатот во Симферопол тој забележа дека во случај Крим да стане субјект на Руската Федерација, „ние сме подготвени за воведување на рубљата“.
Тој, исто така, забележа дека „сите украински државни претпријатија ќе бидат национализирани и ќе станат сопственост на Крим“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче