Распишана е меѓународна потерница за лидерот на „Десен сектор“ во Украина, Дмитриј Јарош, кој во отсуство е обвинет за јавно поттикнување тероризам, соопшти официјалниот претставник на Истражниот комитет на РФ, Владимир Маркин, а пренесува ИТАР-ТАСС.
Претходно Јарош се обрати до водачот на чеченскиот терористи, Доку Умаров, барајќи помош. Тоа го објави на страницата на „Десен сектор“ во социјалната мрежа „ВКонтакте“. После тоа против Јарош во Русија е подигната кривична постапка со максимална казна од седум години затвор.
Според мислењето на истражниот комитет на Русија, шефот на улстранционалистичката украинска организација „јавно ги повикува антируските сили за екстремистички дејства и терор на територијата на Русија“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче