Путин ќе присуствува на отворањето на Параолимписките игри

Претседателот на Русија, Владимир Путин, ќе присуствува на отворањето на Параолимписките игри во Сочи, а би сакал и да ги гледа натпреварувањата во алпско скијање.

Претседателот на Русија, Владимир  Путин, ќе присуствува на отворањето на Параолимписките игри во Сочи, а би сакал и да ги гледа натпреварувањата во алпско скијање.

„Секако дека ќе дојдам на отворањето. Скијачкото трчање е многу интересно. Знаете, кога параолимпијците се натпреваруваат во скијачко трчање, тоа е фантастично“, изјави Путин во интервју за телевизиските канали пред отворањето на Параолимписките игри во Сочи. Тој додаде дека ќе ги следи телевизискиот пренос на Игрите.

Единаесеттите параолимписки игри ќе бидат одржани во Сочи од 7 до 16 март. Отворањето ќе се одржи на стадионот Фишт. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња