Претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, се најде на списокот на кандидати за Нобеловата награда за мир 2014, пренесе агенцијата „Ројтерс“, повикувајќи се на норвешкиот Нобелов комитет.
За Нобеловата награда за мир годинава се номинирани рекорден број кандидати. На списокот за потенцијални добитници се најдоа дури 278 политичари, општествени активисти и организации, меѓу кои и Едвард Сноуден и поглаварот на Римокатоличката црква. Нобеловиот комитет ќе го објави добитникот на наградата за мир во средината на октомври.
Рускиот претседател за Нобеловата награда беше предложен во септември од Меѓународната академија за духовно единство и соработка. Претседателот на академијата, Георгија Трапезников, образложувајќи ја одлуката, потсети на „миротворната улога“ на Владимир Путин во Беслан и Јужна Осетија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче