Парламентот на Крим донесе решение за влегување на Крим во составот на Русија, ова е пренесено на конференцијата за печатот на парламентот, а објави „Газета.ру“.
„Влегување во составот на Руската Федерација во својство на субјект на Руската Федерација“, се кажува во текстот на соопштението.
Исто така, Врховниот совет на Крим донесе решение за испраќање на порака до Владимир Путин и Федералното собрание за влегување на Крим во составот на Русија.
Претседателот на Врховниот совет на Крим, Владимир Константинов, изјави дека решението на Врховниот совет за влегување во составот на Русија треба да биде потврдено на референдум.
Претходно првиот вице-премиер на Автономната Република Крим, Рустам Темиргалиев, изјави дека референдумот за статусот на Крим е пренесе на 16 март.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче