Министерството за надворешни работи на Русија смета дека се неприфатливи заканите од САД околу ситуацијата во Украина и Крим.
„Сметаме дека се неприфатливи заканите адресирани кон Русија кои се слушнаа во серија јавни изјави на државниот секретар Џон Кери во врска со последните случувања во Украина и Крим“, забележано е од МНР на Русија.
Министерството смета “без да се обидува да ги сфати комплицираните процеси кои се случуваат во украинското општество и објективно да ја оцени ситуацијата која продолжува да се влошува, Џон Кери оперира со клишеа како „студена војна“, предлагајќи да се казни Русија, а не тие кои го направија државниот удар во Украина“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче