Американски политичар: Русија со право ги обвини САД за мешање во внатрешните прашања на Украина

Русија со право ги обвини САД за мешање во внатрешните прашања на Украина. Ова мислење го изнесе американскиот политичар Патрик Бјукенен, поранешен советник на Ричард Никсон, Џералд Форд и Роналд Реган.

Русија со право ги обвини САД за мешање во внатрешните прашања на Украина. Ова мислење го изнесе американскиот политичар Патрик Бјукенен, поранешен советник на Ричард Никсон, Џералд Форд и Роналд Реган.

„Кога Русите го гледаат претставникот на Стејт департментот, Викторија Нуланд, на Мајдан, кога слушаат како таа со американскиот амбасадор разговара за идниот шеф на украинската влада, зар можат после тоа да имаат поинакво мислење за тоа?“, смета Бјукенен, а пренесува vz.ru.

Овој политичар, исто така, истакнува дека Виктор Јанукович е единствениот легитимен претседател на Украина, бидејќи тој победи на претседателските избори во 2010 година, кои меѓународните набљудувачи ги оценија како слободни и праведни.

„Америка има голем стаж во интервенирањето. Со цел давање поддршка на демократијата, таа помогна да се организираат бројни револуции во Србија, Украина, Грузија и Киргистан. Ако Студената војна заврши, зошто ги играме тие игри?“, се прашува Бјукенен на својот блог. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња