Украина побара од ЕУ да ѝ се одземе правото на Русија за одржување на СП 2018

Украина преку дипломатски канали се обрати на Европската унија, предложувајќи ѝ на ЕУ да се одземе правото на Русија за одржување на Светското фудбалско првенство во 2018 година поради последните акции на Русија во Крим.

„Украина се обрати до ЕУ со молба да се преземат против Русија решавачки мерки од политички, економски и културен карактер поради дејствата на Русија во Крим. Украинците предлагаат да се замрзнат разговорите за визниот режим меѓу ЕУ и Русија, да се воведе мораториум на воено-техничката соработка меѓу Русија и ЕУ. Исто така, предложено е да ѝ се оневоможи на Русија да го одржи Светското фудбалско првенство во 2018“, соопштува УНИАН, повикувајќи се на анонимен европски дипломат. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња