Државниот секретар на САД, Џон Кери, ја нарече политиката на Русија кон Украина „чин на агресија без преседан“, и ѝ се закани на Москва со остра реакција од меѓународната заедница, како и со целосна економска изолација, јавува РИА „Новости.
„Во 21 век не може да е постапува како во 19 век и да се врши упад во друга земја под целосно измислен изговор“, изјави Кери во емисијата за американскиот ТВ канал CBS, истракнувајќи дека Русија сѐ уште може да го избегне најлошиот развој на настаните и да ја регулира кризата. Во спротивно, тој додаде дека најмалку десет министри ќе се согласат за воведување на санкции против Москва.
Претходно Русија ја осуди и претседателот на САД, Барак Обама. Тој не исклучи можност Москва, во случај на навлегување на нејзините трупи во Украина, да биде изложена на економска изолација. Освен тоа, Обама додаде дека САД ја прекинуваат подготовката за учество на самитот Г-8, кој треба да се одржи во Сочи во јуни 2014, а подготвени се и да организираат и политичка изолација на Москва.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче