Британија ги прекина подготовките за самитот на Г-8, кој треба да се одржи во Сочи во јуни годинава, изјави министерот за надворешни работи на Велика Британија, Вилијам Хејг.
Тој изјави дека одлуката е донесено во знак на протест против мешањето на Москва во внатрешните работи на Украина. Во Лондон решенијата на Москва ги согледуваат како нарушување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.
Министерот ги повика двете страни во конфликтот да ги преземат сите можни мерки за негово регулирање.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.