Стејт департментот повторно е незадоволен од состојбата со човековите права во Русија

Стејт департментот објави нов извештај за состојбата со човековите права во светот. Според мислењето на американските аналитичари, во минатата година ситуацијата во Русија забележително се влошила: властите продолжуваат да ги користат полициските структури за притисок врз неистомислениците, а чести се и случаите на мачење и полициско насилство.

Поглавјето посветено за состојбата на човековите права во Руската Федерација зазема 61 страница. Аналитичарите од САД пишуваат за медиумите, независните организации, заштитата на човековите права и полицијата. Авторите сметаат дека законите за забрана за пропагандата на нетрадиционални сексуални односи и заштита на правата на верниците е „пригоен инструмент за дискриминација на одредени категории граѓани“.

Други примери за кршење на човековите права, според американските автори, се условите во кои членките на Pussy Riot ја издржувале затворската казна, „масовните“ апсења на емигрантите, вклучувајќи ги и тие кои работеле на олимписките објекти во Сочи, како и кршење на „општоприфатените процесуални норми“ за време на судењето на учесниците во нередите на Болотни плоштадот и поднесувањето тужба против Алексеј Наваљни. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња