Потпретседателот на Владата на Русија, Дмитриј Рогозин, одговори на апелот на поранешниот претседател на Украина да се раскине договорот за базата на Црноморската флота на Русија во Севастопол, пренесува весникот „Взгјад“.
„Црноморската флота не е бескуќник. Севастопол е нејзиниот дом. А вие, господа, занимавајте се со своите внуци“, напиша Рогозин на својот Фејсбук профил.
Вака потпретседателот ан Владата на Русија го прокоментира соопштението, во кое поранешните претседатели на Украина, Леонид Кравчук, Леонид Кучма и Виктор Јанукович апелираа да се раскине „харковскиот договор“ за базата на руската флота на Крим.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче