Шефот на украинската влада, Арсениј Јацењук се обрати вчера до Русија и ја повика да „ја повлече армијата“ од Крим, пренесува ИТАР-ТАСС.
„Ја повикуваме Русија да ја повлече војската и да ги исполнува билатералните договори“, изјави тој.
Според неговите зборови, кризата во Крим е предизвикана од неадекватното руско присуство на територијата на Крим, и истата треба да се реши мирно и по политички пат.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.