Западни медиуми: Белата куќа ја повикува Русија да се воздржи од провокации

Белата куќа ја повикува Русија да се воздржи од „провокативни дејства“ на фонот на стравовите од воена интервенција, пишува The Guardian.

Белата куќа ја повикува Русија да се воздржи од „провокативни дејства“ на фонот на стравовите од воена интервенција, пишува The Guardian.

Во четвртокот САД ја предупредија Русија дека воените вежби на границата со Украина може да бидат голема грешка.

Државниот секретар на САД, Џон Кери, изјави дека разговарал со министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, кој го уверил дека Москва „ќе ја почитува територијалната целосност на Украина“.

„Ние сметаме дека сега е неопходно да се направи чекор наназад и да се избегнат било какви провокации“, изјави Кери.

Претходно Белата куќа ја повика Москва „да избегне провокативни дејства“ и изјави дека внимателно ќе ги следи воените вежби на Русија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња