Русија на Крим дејствува во рамките на потпишаниот договор со Украина за Црноморската флота. Ова го изјави постојаниот претставник на Русија во ООН, Виталиј Чуркин, одговарајќи на прашањата на новинари за присуството на руската армија на полуостровот.
„Ние имаме договор со Украина за присуство на руската Црноморска флота во Севастопол, и ние дејствуваме во рамките на тој договор“, изјави Чуркин за време на состанокот во Советот за Безбедност во ООН, посветен на ситуацијата во Украина.
Договорите меѓу Москва и Киев кои ги регулираат прашањата за престојот на Црноморската флота на Русија во Украина се потпишани од претседателите на двете држави во Харков на 21 април 2010 година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче