Советот на Федерацијата дозволи да се пратат руски војници на Крим

Во Советот на Федерацијата се согласуваат за праќање на ограничен контингент од руската армија во Крим за да се обезбеди безбедноста на Црноморската флота на Русија и руските граѓаните кои се наоѓаат таму. Ова го пренесува РИА „Новости.

Со ваква изјава излезе спикерот на горниот дом на рускиот парламент, Валентина Матвиенко.

„Можно е во оваа ситуација, на молба на владата на Крим, да се прати ограничен контингент за да се обезбеди безбедноста на Црноморската флота и граѓаните на Русија кои живеат на територијата на Крим. Последното решение, секако, го има претседателот на нашата држава. Но денес, земајќи ја предвид ситуацијата, тешко дека ќе биде исклучена таквата варијанта. Ние треба да ги заштитиме луѓето“, изјави Матвиенко. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња