Претседателот на Русија, Владимир Путин, ѝ наложи на владата да се занимава со прашањата за развој на трговско-економските врски со Украина, како и да ѝ пружи на земјата финансиска и хуманитарна помош. Ова го изјави портпаролот на шефот на државата, Дмитриј Песков, а пренесува РИА „Новости“.
Според неговите зборови, Путин наредил да се одржат консултации со странските партнери, вклучувајќи го и ММФ, за да се додели финансиска помош на Украина.
„Освен тоа, земајќи го предвид апелот на раководството на Крим за хуманитарна помош, претседателот на Русија ѝ наложи на владата на Руската Федерација да го разгледа тоа прашање“, нагласи портпаролот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче