Путин бара од Советот на Федерацијата дозвола за праќање на војската на Крим

Претседателот на Русија, Владимир Путин, се обрати до Советот на Федерацијата, барајќи дозвола да се искористат руските вооружени сили на територијата на Украина, пренесува РИА „Новости“.

Претседателот на Русија, Владимир Путин, се обрати до Советот на Федерацијата, барајќи дозвола да се искористат руските вооружени сили на територијата на Украина, пренесува РИА „Новости“.

Ова во саботата го соопшти прес-службата на Кремљ. Станува збор за искористување на војската на територијата на Автономната Република Крим.

Во документот се забележува дека оваа мерка е неопходна поради вонредната ситуација на полуостровот, која е закана за граѓаните на Руската Федерација, како и за војниците кои се дислоцирани на територијата на Крим.

Војската на Руската Федерација ќе биде присутна на Крим „сѐ додека не се нормализиран општествено-политичката ситуација во таа држава“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња