Пратениците од градскиот совет на Севастопол веќе не се потчинуваат на киевските власти

Севастопол откажува послушност на киевските власти.

Пратениците од државниот совет на градот Севастопол гласаа денес за одбивање на потчинување и исполнување на решенијата на новите власти во Украина.

Ова го соопштува кореспондентот на ИТАР-ТАСС од зградата на градскиот совет во Севастопол. 

Претходно беше објавено дека Советот на Федерацијата одобри праќање на војници на Крим заради стабилизирање на ситуациајта, заштита на граѓаните на Руската Федерација и Црноморската флота. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња