„Би предложил Венецијанската комисија да ја оцени легитимноста на властите во Украина и легитимноста на одлуките кои ги носи оваа власт“, изјави денес Сергеј Наришкин, претставник на Државната Дума во Русија.
Освен тоа, тој објави дека ќе се создаде работна група за проценка на одлуката на Државната Дума во врска со Украина.
„Интерпарламентарното собрание на ЗНД би можело да го следи квалитетот на законодавството кое се усвојува во Украина“, изјави Наришкин.
Исто така, Наришкин нагласи дека Државната Дума на Русија е подготвена да се состане во било кој момент за да разговара за ситуацијата во Украина.
Венецијанската комисија е советодавен орган за уставно право, создадена во Советот на Европа.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче