Советот во Државната ДУма го повика претседателот на Русија, Владимир Путин, да ги преземе сите можни мерки што се во неговите раце за да го заштити населението на Крим од насилство и безредие. Ова го пренесува РИА „Новости“, повикувајќи се на спикерот во Думата, Сергеј Наришкин.
„Советот на Државната Дума, од името на пратениците се обраќа до претседателот на Русија. Пратениците го повикуваат претседателот на преземе мерки за стабилизирање на ситуацијата на Крим, и да ги искористи сите можности за заштита на населението на Крим од безредието и насилството“, изјави Наришкин.
Освен тоа, Думата ќе се обрати до Меѓупарламентарното собрание на ЗНД за прашањето на законитоста на решенијата и законите кои се носат во Украина.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче