Западни медиуми: соединувањето на Русија и Крим не е веројатно

Новата влада во Киев тешко дека ќе го испровоцира Кремљ да ги внесе своите трупи во земјата, пишува The Independent.

Новата влада во Киев тешко дека ќе го испровоцира Кремљ да ги внесе своите трупи во земјата, пишува The Independent.

Нема ни најмал сомнеж дека Крим ќе стане новата „жешка точка“ во борбата меѓу новата, прозападна влада во Киев и Русија, забележува изданието.

Многу европски војни започнувале со изговор за заштита на етничките малцинства. Крим може да стане следен таков пример. Сепак, постојат сериозни причини да се смета дека воено вмешување нема да се случи. Новата влада во Киев тешко дека ќе направи нешто што може директно да го провоцира Кремљ за воена интервенција, на пример, да постави барање за повлекување на Црноморската флота од Севастопол. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња